Пелистер го комплетираше и стручниот штаб со кој ќе се враќа во Прва лига

Екипата на Пелистер го комплетираше и новиот стручен штаб, кој ќе биде предводен од тренерот Борче Христов.

Во стручниот тим ќе работат Трајче Стојковски како прв асистент, Горан Ганчев како втор асистент, Илче Петровски како тренер на голмани и Саше Велјановски како кондиционен тренер.

Со ова во битолскиот клуб продолжуваат со работата на формирање на тимот со кој наредната сезона ќе се обидат да се вратат во Првата лига откако испаднаа во изминатата сезона.

Вчера тимот претстави и четири засилувања, а претходно беше избран и нов претседател, Димитар Митревски сега ќе го води клубот.