Реал Мадрид го враќа Брозовиќ во Европа?

Марсело Брозовиќ во изненадувачки трансфер би можел да се врати во Европа во редовите на Реал Мадрид, пишува белгискиот новинар, Саша Таволиери.

Таволиери тврди дека ангажманот на искусниот фудбалер е голема желба на тренерот Жозе Мурињо и наводно му бил понуден едногодишен договор.

Брозовиќ неодамна остана без клуб, откако му истече договорот со саудискиот Ал Наср, па во моментов е слободен агент. Неговиот евентуален трансфер на „Сантијаго Бернабеу“ би бил големо изненадување, со оглед на тоа што подолг период е надвор Европа, а сега се поврзува со еден од најголемите клубови во светот.

Реал Мадрид на Мурињо веќе му обезбеди неколку засилувања и во Мадрид пристигнаа: Бернардо Силва, Дензел Дамфрис и Марк Кукуреља, па Хрватот би можел да биде следен во низата.