Потег за респект на Јамал - прв тргна да го утеши Роналдо (ВИДЕО)

Капитенот на Португалија, Кристијано Роналдо беше меѓу емотивно најпогодените играчи на репрезентацијата на Португалија по натпреварот со Шпанија (0-1) во осминафиналето на Светското првенство.

Ова беше последниот натпревар за 41-годишниот Роналдо во дресот на Португалија, за која одигра вкупно 27 меча на шест различни мундијали, со 11 гола и две асистенции.

Затоа не можеше да ги скрие солзите по елиминацијата на Португалија. Прв што го утеши беше Ламин Јамал, за кого ова беше дебитантско учество на Светското првенство. Младата шпанска ѕвезда прво се ракуваше со Кристијано, а потоа го прегрна, а снимката од тој момент веднаш ги обиколи социјалните мрежи.