ФИФА му го поништи рекордот на Меси

Иако сите светски медиуми побрзаа да го прогласат Лионел Меси за нов рекордер по број на асистенции на Светските првенства, тој сепак ќе мора да почека за тоа.

Меси го сруши рекордот по број на одиграни натпревари на Светските првенства, сега има 30, што е најмногу во историјата. Сепак, тој не успеа да го постигне долгоочекуваниот рекорд по број на асистенции во историјата иако сите мислеа дека тоа се случи кога Аргентина поведе со 3-2 против Зеленортски Острови.

Меси беше тој што го изведе корнерот за победничкиот гол на Кристијан Ромеро, но ФИФА го промени во автогол по натпреварот. По шутот на аргентинскиот стопер, топката го погоди Дини Борхес на кого подоцна му се припиша дека го матирал сопствениот голман, а не Ромеро.

Како резултат на тоа, Меси ја загуби и својата асистенција, што ќе го направеше апсолутен рекордер со девет додавања и ќе го престигнеше неговиот сонародник Диего Армандо Марадона. Нова можност за тој подвиг ќе има во осминафиналето против Египет, во натпревар што ќе се игра во вторник во 18:00 часот по средноевропско време.