Почнува лудилото на Мундијалот - познати сите двојки за осминафиналето

Со дуелот меѓу Колумбија и Гана официјално заврши првата нокаут фаза од Светското првенство и познати се сите двојки за осминафиналето.

На шампионатот нема одмор и следниот сегмент почнува веќе вечерва од 19 часот по средноевропско време со пресметката меѓу Канада и Мароко, а од 23 играат Парагвај и Франција.

Шлагер на осминафиналето ќе биде дуелот меѓу ибериските соседи Шпанија и Португалија, но подеднакво интересни натпревари се очекуваат на Мексико и Англија и Бразил и Норвешка.

Cup tree provided by Sofascore