Крај на шпекулациите: Реал Мадрид ги откри своите планови за Енцо!

Реал Мадрид ова лето реши да го реконструира својот тим, а едно од засилувањата се очекуваше да биде Енцо Фернандез од Челси, меѓутоа најновото соопштение на шпанскиот гигант покажува дека тоа нема да се случи.

Аргентинецот „флертуваше“ со „кралскиот клуб“, но набрзо доби разочарувачка вест од главниот град на Шпанија.

„По шпекулациите во медиумите за наводен интерес на Реал за Енцо, клубот сака да соопшти дека нема направено никакви напори за да го добие неговиот потпис и нема намера да спроведе таква операција. Реал Мадрид покажува најголема почит кон Енцо, но и кон Челси“, соопштија од шпанскиот тим.

Фото: Facebook/Chelsea Football Club