Швајцарија го урна Алжир за мундијалско осминафинале! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Швајцарија со 2-0 го победи Алжир и се пласираше меѓу најдобрите 16 на Светското првенство.

Швајцарците подобро се снајдоа, ги искористија своите шанси и дојдоа до многу значајна победа.

Резултатот беше отворен рано, уште во 10. минута по асистенција од Мензамби, Емболо погоди за водство на Швајцарија од 1-0.

Во продолжението од полувремето и двете селекции имаа свои прилики, но немаше нов погодок, на одморот се замина со минимално водство на Швајцарија.

Течеа првите секунди од второто полувреме кога по кикс на одбраната на Алжир, Швајцарците ја дуплираа предноста со гол на Ендоје. Гол за 2-0.

До крајот Алжир се обидуваше да се врати во игра, но не успеаа. Швајцарија ја сочува предноста и се радуваше на пласман во осминафиналето.

Швајцарија во осминафиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Колумбија и Гана.