Ѓуроски по победата над Ирска: Ова беше меч што моравме да го добиеме!
Ѓуроски кажа дека репрезентацијата останува максимално мотивирана и насочена кон новиот предизвик, а тоа е дуелот против Луксембург.
„Очекувавме убедлива победа затоа што Ирска е тврд противник, играше доста физички. Дојдоа во подмладен состав со шест кошаркари од колеџ, што малку нè изненади, но ние влеговме подготвени. Знаевме дека ова е меч кој мора да се добие за следна фаза. Среќни сме и задоволни што успеавме во целта. Сега ни следи Луксембург, против кого исто така одиме на победа и покрај тоа што сме веќе во следната фаза. По нас, Луксембург е најдобра селекција во групата, доста подобра на домашен терен. Ние немаме повеќе што да загубиме, па ќе влеземе максимално и во тој меч“, кажа Ѓуроски.
Македонија в недела против Луксембург го игра последниот меч од претквалификациите за Евробаскетот.
Фото: КФМ