Мафијаши им се заканувале на фудбалерите на Еквадор? (ФОТО)

Поразот на Еквадор од 0-2 од Мексико во нокаут-фазата од Светското првенство (СП) предизвика бура во земјата, а сè ескалира кога дел од медиумите објавија дека дел од фудбалерите добивале закани од мафијаши.

Медиумите од Еквадор пишуваат дека неколку репрезентативци пред да излезат на теренот добиле телефонски повици од нарко-картели кои им се заканувале.

Засега не се откриваат дополнителни докази, но повеќе извори од Еквадор тврдат дека постоело застрашување на репрезентативците, а меѓу нив е и познатиот новинар Карлос Вера.

Од друга страна, Фудбалскиот сојуз на Еквадор и ФИФА соопштија дека досега не добиле ниту една пријава.

Фото: Mexican National Team