Познати се составите: Шпанија направи две измени за дуелот со Австрија
Селекторот на Шпанија, Луис Де Ла Фуенте направи две промени во однос на мечот против Уругвај, откако во првиот состав ги постави Педро Поро и Дани Олмо наместо Маркос Љоренте и Микел Мерино.
Шпанија ќе настапи со Симон, Поро, Кубарски, Лапорт, Кукуреља, Родри, Педри, Јамал, Олмо, Баена и Ојарзабал.
Австрија ќе игра со Шлагер, Пош, Дансо, Алаба, Лајмер, Шлагер, Швалд, Сабицер, Ванер, Шмит и Грегорич.
Фото: Facebook/Selección Española de Fútbol (SeFutbol)