Војдан Стојановски: Со добар пристап и енергија до победа што ни носи пласман понатаму
На нашиот национален тим му е потребна победа денеска против Ирска во Скопје за обезбедување на првото место по што ќе се чекаат ривалите за следниот сегмент. Македонија ја победи Ирска на првиот меч одигран во ноември во Даблин, но Војдан смета дека тоа ништо не значи и дека треба тој и неговите соиграчи добро да се испотат за да го повторат тој резултат.
„Вечерва играме против репрезентација која не беше воопшто лесно да ја победиме на гостински терен. Играат брзо, играат доста агресивно и затоа треба да бидеме максимално фокусирани и подготвени. Да имаме добар пристап и добра енергија, бидејќи само така можеме да дојдеме до победата која ни носи сигурен пласман во квалификациите за Евробаскет“, вели Војдан кој веќе 17 години е дел од македонската репрезентација.
Натпреварот меѓу Македонија и Ирска се игра денеска од 18 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Градски парк.