Законите важат и за најдобриот на сите времиња: И Меси го претресуваа на аеродром (ВИДЕО)
Меси, кој веќе постигна шест гола на Светското првенство и е најдобар стрелец, пристигна во Мајами и беше претресен од глава до пети. Полициските службеници не го поштедија, дури го ставија на стол за да извршат „магнетна резонанца“ на целото негово тело, што беше прилично смешна сцена.
Дури и Аргентинецот се смееше бидејќи вакви работи веројатно никогаш не му се случиле во кариерата. За целиот случај да биде уште почуден и посмешен, Меси игра во Мајами со години и којзнае колкупати досега слетал и полетал од истиот тој аеродром.
Аргентина слета во Флорида, каде што ќе се соочи со Зеленортските Острови во 1/16-финалето в сабота, точно на полноќ.