Голема чест за Македонецот: Рајковиќ ќе биде тренер на вицешампионот во НБА!
Тој веќе е во Тексас каде се почнати подготовките за тоа натпреварување што ќе се одржи од 9 до 19 јули во Лас Вегас. Таму ќе има уникатна можност да учествува во работата на Спарс што не е необично бидејќи НБА франшизите секоја година ангажираат европски стручњаци. На екипите тоа им се служи за размена на идеи, а на тренерите да видат како се работи во НБА. Рајковиќ ќе биде во улога на гостин-тренер во стручниот штаб на Спарс.

Сан Антонио Спарс последната сезона стигна до големото финалето од НБА лигата и таму загуби од Њујорк Никс кој ја освои првата шампионска титула по повеќе од половина век. Франшизата од Тексас е една од најдобрите во НБА, со пет шампионски титули во историјата, а во моментов во своите редови има една од најголемите светски кошаркарски ѕвезди - Виктор Вембанјама.
Рајковиќ повеќе од една деценија работи во странство, прво во Полска, па во Казахстан, а последниот ангажман го имаше во Тофаш, во Турција. Најголемо достигнување му беше клупата на осумкратниот европски шампион ЦСКА каде работеше безмалку две сезони, а двапати беше прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата.