Лејкерс договори нов центар - потпишаа договор вреден 130 милиони долари!

Лос Анџелес Лејкерс се договорија со Јута Џез за центарот Вокер Кеслер, кој ќе потпише четиригодишна соработка вредна 130 милиони долари.

Лејкерс ги отстапи незаштитените пикови од првата рунда во 2031 и 2033 година, како и заменските пикови во 2028 и 2030 година во размена за Кеслер.

Екипата од Лос Анџелес вчера остана без Леброн Џејмс, па со тоа отвори можност да донесе ново засилување.

Фото: Utah Jazz