И вториот европски шампион со Вардар седна на клупата на ПСЖ!

Францускиот ракометен гигант ПСЖ официјално потврди дека Роберто Гарсија Парондо ќе биде нов тренер на тимот од сезоната 2027/28.

Шпанскиот стратег во првата изјава по потписот не го криеше задоволството од новиот предизвик.

„Исклучително ми е чест што се приклучувам на Пари Сен Жермен. Тоа е голем клуб во европскиот ракомет, познат по својата амбиција, високи стандарди и силен идентитет. Тоа е огромна одговорност, но и предизвик што го прифаќам со голем ентузијазам. Се радувам на соработката со играчите, персоналот и целиот клуб за да продолжиме да ја пишуваме историјата на Пари Сен Жермен“, изјави Парондо.

Тој е одлично познат на македонската ракометна јавност, бидејќи како тренер на Вардар ја освои титулата во Лигата на шампионите во 2019 година. Со тоа стана вториот шпански стратег кој успеал да го однесе вардаровиот тим до европскиот трон, по Раул Гонзалес, кој од 2018 до 2025 седеше на клупата на „светците“ од Париз.