Ѕвезда на Еквадор го доби вториот црвен картон на СП поради – „шепкање тајни“ (ВИДЕО)

Селекцијата на Мексико го совлада Еквадор (2-0- и обезбеди место во осминафиналето на Светското првенство, во натпреварот кој ќе се памети и по ситуацијата во судиското продолжение, кога словенечкиот судија, Славко Винчиќ, покажа директен црвен картон поради новото правило на ФИФА.

Еквадорскиот дефанзивец, Пјеро Хинкапие, во 94. минута за време на расправија со мексиканскиот напаѓач Сантијаго Хименез ја покри устата со рака додека разговараше. По прегледувањето на снимката преку ВАР, Винчиќ донесе одлука да го исклучи од игра. ФИФА непосредно пред почетокот на Светското првенство воведе ново правило според кое фудбалерите можат да добијат директен црвен картон доколку ја покриваат устата при разговор на теренот, со цел да се спречи прикривање на евентуални навреди, закани или други недозволени комуникации.

Во сенка на овој момент остана победата на Мексико, до која стигна со головите на Хулијан Кињонес и Раул Хименез. Хинкапие (24) е еден од најдобрите еквадорски фудбалери и член на Арсенал, со кој минатата сезона ја освои титулата во Премиер лигата и стигна до финалето на Лигата на шампионите. Интересно е што во текот на целата клупска сезона не доби ниту еден црвен картон на 39 натпревари.

Мексико во осминафиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу Англија и ДР Конго.

ФОТО: X / @brfootball