Ќе грми во Њу Џерси: Мбапе и Дембеле против Ѓокереш и Исак (СОСТАВИ)

Дидие Дешамп се врати во француската репрезентација откако мораше да замине дома поради смртта на својата мајка и против Шведска одлучи да го изведе на терен најдоброто со што располага во моментов.

Без калкулации, „триколорите“ ќе се обидат да ја поминат и оваа пречка и да се пласираат во осминафиналето од Светското првенство. Екипата како капитен ќе ја предводи Килијан Мбапе, а заедно со него во нападот се Дембеле, Олисе и Баркола.

И Шведска има со што да се пофали, нападот е фантастичен со Ѓокереш, Исак и Еланга, но голема битка се очекува да се води на средината на теренот.