Вардар го победи вицепрвакот на Сан Марино, повторно блескаше - Закариќ!

Првакот на Македонија, Вардар ги привршува подготовките пред стартот на квалификациите за Лигата на шампионите, а на точно една недела пред првиот меч со Купс, одигра пријателски натпревар со вицешампионот на Сан Марино, Виртус.

„Црвено-црните“ славеа со 3-2 во својот четврти натпревар за нив на подготовките во Италија и трета победа. Ѕвезда на натпреварот беше босанскиот интернационалец Горан Закариќ кој учествуваше во постигнувањето на сите три гола.

По само 20 минути игра Вардар водеше со 2-0 со головите на Закариќ и Велковски со тоа што Босанецот асистираше за вториот погодок. Со тој резултат се замина на полувреме, а потоа, од 52. до 55. минута Виртус постигна два гола со кои израмни на 2-2. Моментот на одлука се случи во 80. минута кога Закариќ стрелаше на додавање на Пирес.

Ова беше последен натпревар за Вардар во Италија и по него екипата се враќа во Скопје каде ќе ги финализира подготовките пред првиот меч со Купс.