Халанд ја однесе Норвешка во осминафинале на СП (ВИДЕО)

Фудбалерите на Норвешка триумфираа со 2-1 против Брегот на Слоновата Коска и се пласираа во осминафинале на Светското првенство (СП).

Првото полувреме донесе шанси на двете страни, но водството го презема Норвешка во 39. минута кога Антонио Муса со прекрасен гол погоди за 1-0.

Брегот на Слоновата Коска не се предаваше и во вториот дел се обидуваше да стигне до израмнување, а тоа им успеа во 74. минута кога Амад Диало ја затресе мрежата на ривалот за 1-1.

Голот на Диало ги разбуди Норвежаните, кои тргнаа да го решат натпреварот во регуларните 90 минути и тоа им успеа со погодокот на Ерлинг Халанд во 86. минута.

Норвешка во осминафинале на Мундијалот ќе се соочи против Бразил на 5 јули од 22 часот.