Ивановски: Лина ми е инспирација и јас да заиграм со најдобрите на Вимблдон!
Ѓорческа испиша историја со пласманот на Вимблдон. Додека таа го играше најголемиот меч во нашиот тенис, Тениската федерација држеше прес-конференција. А Калин Ивановски изјави дека успехот на Лина за него е голема мотивација.
„Лина и нејзиниот пласман на Вимблдон ми даваат мотивација, моја цел е да се пласирам на Вимблдон. Едноставно Лина ми дава инспирација и ако сум здрав верувам дека следната година ќе настапам, барем во квалификациите. Вимблдон е еден од најдобрите турнири. Јас кога играв на јуниорскиот ми се исполни сонот и целта сега ми е да настапам и на сениорски турнир и навистина тоа е голем турнир. Со овој резултат Лина направи голем успех, изјави на прес конференцијата Калин Ивановски.