Анисимова: Ѓорческа игра одличен тенис!

Американската тенисерка, Аманда Анисимова, ја победи нашата Лина Ѓорческа во првото коло на Вимблдон, шестата носителка на големиот турнир имаше пофалби за Македонката.

Анисимова без поголеми проблеми ја победи Ѓорческа, но нашата тенисерка имаше свои моменти во мечот и покажа дека не случајно се пласираше на главниот турнир на Вимблдон.

„Ѓорческа имаше неколку натпревари тука пред овој меч, таа игра одличен тенис. Јас сум среќна што се вратив тука по ланското финале и што се пласирав во второто коло. Работев напорно за овој турнир и сакам повторно да се покажам во одлично светло“, рече Анисимова по мечот против Ѓорческа.