Ѓорческа загуби на дебито на Вимблдон, но со крената глава го напушти теренот!
Ждрепката беше немилосрдна кон Македонката, носејќи и пресметка со шестата светска тенисерка која лани играше во финалето, но тоа не беше пречка таа да даде се од себе и да покаже дека заслужено се најде меѓу најдобрите во светот. Ѓорческа можеби беше дебитант, но играше како одамна да е во тенискиот крем, за што говори што првиот сет го загуби со само еден брејк и со три освоени гема, иако многумина ѝ предвидуваа пораз со две „нули“.
Фаворитката го засили ритамот во вториот сет, но и покрај тоа нашата Лина се спротивставуваше колку што можеше. Таа освои два гема и во овој дел од играта и на крајот со крената глава ѝ честита на Анисимова за сигурниот триумф. Ѓорческа од Вимблдон си заминува презадоволна, од спортски аспект пред се поради блескавата игра во квалификациите во кои дојде до три победи, но и од финансиски со 100.000 долари освоена награда заедно со 50 рејтинг поени кои ќе ѝ помогнат да напредува на ВТА листата.