Историски ден за македонскиот спорт: Ѓорческа излегува на Вимблдон!
Првпат во историјата, македонска тенисерка ќе настапи во главната ждрепка на овој турнир откако преку квалификациите, пласман во неа обезбеди Лина Ѓорческа. Првиот женски рекет во земјава од 12 часот ќе се сретне со ланската финалистка Аманда Анисимова која е рангирана како шестa носителка.
Со дуелот меѓу Ѓорческа и Анисимова почнува програмата на теренот број 2 на Вимблдон, а натпреварот секако го привлекува вниманието на македонската спортска јавност која веќе ја прогласи Лина за хероина на годината во земјава.
Директниот пренос од натпреварот меѓу Ѓорческа и Анисимова ќе биде емитуван на М2 каналот на Арена Спорт Македонија.