Реал Мадрид продаде фудбалер за 60 милиони евра!
Официјализирана е зделката за Нико Паз. Откако ја искористи опцијата и го откупи договорот за само девет минути, Реал Мадрид му го продаде фудбалерот на Комо за 60 милиони евра. Тоа е профит од 51 милион евра.
Во договорот меѓу двете екипи повторно има клаузула според која Реал Мадрид може да си го откупи назад, но овојпат таа изнесува 80 милиони евра.
Двата клуба вечерва го потврдија трансферот, а се огласи и самиот Паз кој смета дека со 21 година за неговата кариера е најдобро да продолжи да игра за Комо.
Овој италијански клуб предводен од Сеск Фабрегас беше вистинска сензација минатата сезона и избори пласман во Лигата на шампионите.