Ивановски поразен во финалето во Загреб
По неколкуте блескави победи, Ивановски во финалето загуби од узбекистанскиот тенисер Хумојун Султанов кој беше рангиран како седми носител на турнирот, а на АТП листата е над 500 места подобро пласиран од македонскиот репрезентативец. Султанов победи со 2-0 (6-4, 6-4), но Ивановски пружи силен отпор и мечот траеше 108 минути.
Во двата сета, Султанов оствари по еден брејк со кои го скрши отпорот на Ивановскки. Нашиот тенисер ја пропушти својата шанса во осмиот гем од вториот сет кога при водство од 4-3 не искористи брејк топка, а следниот гем го загуби на свој сервис.
Без оглед на поразот, последните резултати влеваат оптимизам дека Ивановски, конечно, може да влезе во победнички ритам и да се врати таму каде што беше пред тешката повреда. Во Загреб победи неколкумина ривали кои се многу подобро пласирани од него што е доказ дека ја качува својата форма.