Ибра за најголемата сензација на СП: Тоа се случува кога сонуваш големи соништа!
Дебитантот на Мундијалите, Зеленортските Острови, одиграа три херојски натпревари во кои не загубија и со три нерешени средби се пласираа во 1/16 финалето од Светското првенство.
Златан Ибрахимовиќ заедно со Тјери Анри е дел од Мундијалот како стручен аналитичар.
„Мал остров, големи соништа. Тоа се случува кога сонуваш на големо. Но, морам да му оддам признание на Анри, бидејќи тој го кажа тоа пред почетокот на турнирот“, рече Ибрахимовиќ.