Познати се девет двојки од нокаут фазата на Мундијалот! (ВИДЕО)

Синоќа беа комплетирани уште три групи од првата фаза на Светското првенство, по денешниот ден ќе биде се познато, а досега се формирани девет од 16 двојки за нокаут фазата.

Актуелниот Светски шампион, Аргентина ќе игра против селекцијата на Зеленортски Острови која е најголема сензација на Мундијалот.

Босна и Херцеговина во групната фаза играше против Канада, а во 1/16 финалето ќе игра со друг домаќин, селекцијата на САД.

Интересен се очекува да биде дуелот меѓу Холандија и Мароко. Бразил ќе се сретне со Јапонија, Норвешка ќе игра против Брегот на Слоновата Коска.

Французите кои се најголем фаворит на Мундијалот, ќе се сретнат со Шведска, Германија ќе игра против Парагвај, а Канада против Јужна Африка.

По денешните шест дуели ќе се формираат и останатите седум двојки во нокаут фазата.