Белгија му даде пет гола на Нов Зеланд и оди во нокаут фазата! (ВИДЕО)
По двете нерешни средби во првите две кола, Белгија конечно дојде до триумф, Белгијците ја наполнија мрежата на Нов Зеланд.
Тросар даде два гола, по еднаш погодија Де Брујне, Лукаку и Салемакерс. Погодокот за Нов Зеланд беше дело на Џаст.
Во вториот меч Египет и Иран одиграа 1-1. Двата гола беа постигнати за помалку од 15 минути игра.
Сабер во 5. минута донесе водство за Египет, Резаен израмни на 1-1 во 14. минута. Три минути претходно Тареми промаши пенал.
Белгија е прва со пет бода, исто толку има и второпласираниот Египет, а Иран со три бода исто така ќе оди во нокаут фазата.