Ѓоковиќ со триумф над Пол се „загреа“ за Вимблдон

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ славеше против Томи Пол со 2-1 во сетови, односно 6-3, 6-7 и 7-5 во Харлингтон во рамки на подготовките за Вимблдон.

Србинот го доби првиот сет, откако брзо направи брејк, а потоа ја зачува предноста до крајот. Пол возврати во следниот сет каде што славеше во тај-брејк, по што Ѓоковиќ во третиот сет стигна до 7-5.

Ѓоковиќ во првото коло на Вимблдон ќе се соочи против кинескиот тенисер Ву Јибинг.