Додека се игра Мундијалот ФИФА исфрли репрезентација од сите натпреварувања!
Покрај репрезентацијата и клубовите од оваа земја нема да можат да настапуваат во натпреварувањата кои се под капата на ФИФА, а суспензијата е на неопределено време.
Во официјалното образложение ФИФА наведува дека причината е недозволено мешање на трета страна во работата на националниот сојуз.
Станува збор за повеќемесечен спор меѓу Фудбалскиот сојуз на Непал и Националниот спортски совет, кој се вмешал во изборниот процес и функционирањето на сојузот. ФИФА смета дека тоа е прекршување на нејзините статути.
Непал освен забраната за настап на меѓународната сцена остана и без пристап до развојните програми на ФИФА, едукациите, семинарите, како и финансиската помош.