Босанец може да биде првото летно засилување за Јувентус
Според информациите на италијанскиот „Тутомеркато“, Мухаремовиќ сега би можел да се врати како засилување за првиот тим на „старата дама“.
Италијанските медиуми пишуваат дека Џовани Карневали, новиот извршен директор на Јувентус, сака да го обезбеди потписот на дефанзивецот, кого одлично го познава од периодот кога работеше во Сасуоло.
Наводно, Јувентус би можел да го откупи неговиот договор за сума што е речиси двојно помала од неговата актуелна пазарна вредност, која во моментов се проценува на околу 30 милиони евра.
По првичната воздржаност, Мухаремовиќ дал согласност да се врати во Торино, а клучна улога во неговата одлука имало токму доаѓањето на Карневали во клубот.
Доколку трансферот биде реализиран, босанскиот стопер би можел да стане првото официјално засилување на Јувентус за сезоната 2026/27, а се очекува преговорите да бидат завршени во најкус можен рок.