ФИФА му изрече жестока казна на фудбалерот кој му ја скрши ногата на Коне!

На натпреварот меѓу Канада и Катар (6-0) во второто коло беше забележана вознемирувачка сцена кога Исмаел Коне се здоби со скршеница на ногата, а Светската фудбалска федерација (ФИФА) му изрече казна на Асим Мадибо кој учествуваше во дуелот.

Мадибо со невнимателен старт му ја скрши ногата на Коне, па поради тоа ФИФА му изрече суспензија од пет натпревари.

Според првичните проценки, Коне се очекува да паузира дури шест месеци надвор од терените.