Вардар од последниот барабан ги чека ривалите во ЛШ - не е можен дуел со Раул!

Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе биде во последниот шешир за ждрепката во Лигата на шампиони (ЛШ), откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги објави деталите.

ЕХФ потврди дека оваа сезона ќе учестуваат 24 тимови во елитното натпреварување, кои ќе бидат поделени во шест групи со по четири екипи, при што Вардар е во четвртиот шешир заедно со Целје, Криенс-Луцерн, Кристијанштад, Архус и Партизан.

Ова значи дека „црвено-црните“ не би можеле да се судрат со нивниот поранешен тренер Раул Гонзалез, кој ги носеше до европскиот пехар, затоа што Вардар и Партизан се во ист шешир.

Шешир 1: Алброг, Барселона, Нант, Магдебург, Веспрем, Спортинг Лисабон

Шешир 2: Монпелје, ПСЖ, Фуксе Берлин, Мелсунген, Пик Сегед, Кјелце

Шешир 3: Загреб, ГОГ, Колштад, Висла Плоцк, Порто, Динамо Букурешт

Шешир 4: Вардар, Архус, Целје, Партизан, Криенс-Луцерн, Кристијанштад

Ждрепката за групната фаза во ЛШ е закажана за петок со почеток од 11 часот.