Фудбалерот кој беше „кобен“ за познатите стана тренер во Англија!

Поранешниот репрезентативец на Велс и фудбалер на Арсенал, Арон Ремзи е нов тренер на Оксфорд, потврди англискиот третолигаш.

Ремзи се повлече во април оваа година, а сега седнува на клупата на клубот кој се натпреварува во англиската Лига 1. За него ова ќе биде прв посериозен тренерски ангажман, бидејќи претходно само кратко и привремено го водеше Кардиф на три натпревари.

„Не би дошол тука, ако мислам дека не сум подготвен. Последните неколку години работев и се подготвував. Веднаш штом почнаа преговорите ја видов амбицијата на луѓето од раководството и верувам дека ова е вистинското место за мене“, изјави Велшанецот.

Во Оксфорд тој пристигнува на местото на Мет Блумфилд кој минатата сезона не успепа да избори опстанок во Чемпионшип и главната задача на Ремзи ќе биде да го врати тимот во второлигашкото друштво.

Како фудбалер Ремзи ќе остане запаметен и по неговата чудна „клетва“ кога многу често по некој негов гол завршуваше животот на некоја позната личност.