Поранешниот тренер на Брера ќе ја води Беласица

По разделбата со Панче Стојанов екипата на Беласица пронајде нов тренер и тимот во новата сезона ќе го предводи Мартин Алаѓозовски.

За Алаѓозовски ова е второ искуство како главен тренер откако претходно седеше само уште на клупата на Брера која во 2025 година водеше на 24 натпревари.

Тој во овој момент исто така е дел од стручниот штаб во младинските репрезентации на Македонија.

Беласица изминатата сезона во Втората лига ја заврши на петтата позиција и во новата исто така има амбиции да се вмеша во борбата за промоција во највисок ранг.