Горецка преговара со гигант од Серија А, но постои една пречка

Германскиот репрезентативец Леон Горецка според последните информации кариерата би можел да ја продолжи во Јувентус, пишува италијанскиот весник „Газета дело Спорт“.

Торинскиот гигант и новиот извршен директор Џовани Карневали имаат тешка задача да го засилат тимот на „бјанконерите“ во летниот преоден рок бидејќи се очекува пропуштањето на Лигата на шампионите значително да влијае врз приходите на клубот и можноста да привлече фудбалери од највисока класа.

Договорот на Горецка со Баерн нема да биде продолжен и тој ќе биде достапен како слободен играч по истекот на актуелната соработка.

Најголемата пречка за ангажманот на Горецка е неговата плата, која е над границата што ја постави Јувентус, но контактите помеѓу двете страни се во тек и според најавите решение може да се најде, посебно затоа што и Кефрен Турам се поврзува со Пари Сен Жермен. 

Претходно и Милна беше во игра за доведување на Горецка, меѓутоа сега „росонерите“ не се опција.