Најдобриот тренер во Суперлигата ќе го води Кожув!

Екипата на Кожув во новата сезона ќе биде од досегашниот предводник на Маџари, Миодраг Тодоровиќ.

Тодоровиќ во Гевгелија пристигнува по одличната сезона во која со дебитантот дојде до финалето во плеј-офот.

Пред ангажманот во Маџари, Тодоровиќ беше дел и од стручниот штаб на МЗТ Скопје како помошен тренер. Истовремено тој е и селектор на генерацијата кошаркари до 18 години.

Признание за неговата одлична работа со Маџари беше и наградата за најдобар тренер во Суперлигата.