Хајдук е пресилен за Шкендија!

Македонскиот вицешампион, Шкендија, денеска одигра пријателски натпревар против хрватскиот гигант, Хајдук од Сплит.

Хајдук победи со убедливи 4-0, по два гола беа постигнати во двете полувремиња.

Серијата ја отвори Ливаја уште во втората минута од мечот, а во 28. минута Пукшташ погоди за 2-0.

Во вториот дел двата гола беа дело на Шего, првиот во 66. минута, вториот десет минути подоцна.