Сега кој може да рече дека на Роналдо му мина времето!? (ВИДЕО)
Португалската ѕвезда за 45 минути ги негираше сите критичари кои велеа дека е стар и дека треба да седне на клупата.
Роналдо најпрво го отвори резултатот во шестата минута кога погоди по асистенција од Кансело.
Интересно беше во 17. минута. Португалија имаше слободен удар, целиот свет мислеше дека Роналдо ќе го шутне, но се случи изненадување, Мендеш биеше и даде гол. Тоа беше финта која помина за удвојување на предноста.
На пет минути пред крајот на првиот дел Роналдо даде уште еден гол за предност од 3-0.