Проблеми за Нагелсман: Германија остана без еден од најважните фудбалери

Германската фудбалска репрезентација остана без дефанзивецот Нико Шлотербек кој се здоби со повреда на натпреварот против Брегот на Слоновата Коска.

Во вториот натпревар на турнирот, Шлотербек се пожали на повреда по само 15 минути поминати на теренот, а беше заменет дури на полувремето од Антонио Рудигер.

Според првичните информации, Шлотербек ќе паузира најмалку два месеци, што значи за него е завршен настапот на Мундијалот.

Фото: DFB/ Germany Football Team