Пелистер ја отвора сезоната кај Охрид, а Вардар игра против младите пелистерци

Денеска беше одржана ждрепката за новата сезона во македонската ракометна Суперлига, при што стана познато дека уште во првото коло ќе се игра големо дерби, и тоа меѓу Пелистер и Охрид.

Пелистер ќе му гостува на освојувачот на ЕХФ Европскиот Куп во првиот викенд од септември, а во истиот термин шампионот Вардар ќе ја почне одбраната на титулата на домашен терен против младите пелистерци.

Суперлига - 1. коло:

Бутел – Младост Богданци
Охрид – Пелистер
Вардар – Пелистер 2
Прилеп – Куманово
Пролет – Тиквеш
Алкалоид – Мулти Есенс