Емотивни сцени: Херојот на СП 2026 конечно ја прегрна својата мајка (ВИДЕО)

Светското првенство (СП) понуди уште една голема сензација, и тоа во режија на Зеленортските Острови кои ремизираа против Уругвај (2-2) во второто коло, а повторно внимание привлече голманот Возиња.

Искусниот 40-годишен голман стана еден од хероите на својата земја по првото коло, откако ги предводеше Зеленортските острови до реми против фаворитот Шпанија во првото коло.

Неговата мајка Ана Кандида Евора не можеше да пристигне на турнирот за да го гледа поради проблеми со виза и високи трошоци, но откако Возиња стана сензација на Мундијалот тоа се промени.

Камерите повеќе пати го прикажуваа за време на натпреварот, а веднаш по крајот на средбата следеше емотивна средба и прегратка меѓу Возиња и неговата мајка.