Шпанија со Јамал во стартната постава ќе брка победа против Саудиска Арабија

Младата суперѕвезда на Барселона, Ламин Јамал денеска првпат во својата кариера ќе игра како стартер на натпревар од Светското првенство.

Крилниот играч е речиси целосно заздравен од повредата и е вклучен во почетната постава за дуелот со Саудиска Арабија, во второто коло од Мундијалот. По киксот и ремито против Зеленортски Острови во првиот круг, европскиот шампион мора да брка победа денеска, а најавено е дека, ако нема дополнителни проблеми, Јамал ќе помине на теренот околу 60 минути.

Во почетната постава на Шпанија има четири измени во однос на дуелот со Зеленортски Острови: Педро Поро на местото на Љоренте, Дани Олмо место Фабијан Руиз, Јамал место Феран Торес и Алекс Баена место Гави.

Натпреварот меѓу Шпанија и Саудиска Арабија се игра од 18 часот во Атланта.