Панатинаикос потврди: Обрадовиќ се врати во грчкиот клуб!

Еден од најголемите кошаркарски клубови во Европа, Панатинаикос, потврди дека Жељко Обрадовиќ повторно ќе биде тренер на зелените.

Српскиот стратег ставил потпис на тригодишен договор со Панатинаикос, а клубот објави слика од него заедно со сопственикот на клубот, Димитрис Јанакопулос.

„Панатинаикос потврдува дека Жељко Обрадовиќ се враќа во клубот, тој потпиша тригодишен договор“, стои меѓудругото во соопштението на грчкиот клуб.

Обрадовиќ беше тренер на Панатинаикос од 1999 до 2012 година, со овој клуб дури петтпати ја освои Евролигата.