Преговорите меѓу Кејн и Баерн Минхен се на пауза!

Хари Кејн и Баерн Минхен ги стопираа преговорите за нов договор до завршувањето на Светското првенство.

Разговорите меѓу двете страни за продолжување на соработката беа почнати. Новиот договор треба да биде со трајност до 2029 година.

Но, во моментов, додека Англичанецот игра на Мундијалот, преговорите се стопирани. 

Кејн не преговара со други клубови, па се очекува двете страни да се договорат кога ќе заврши Светското првенство.