Ѓулер: Сакам да го заборавам ова Светско првенство!

Турција има одличен состав, во репрезентацијата играат фудбалери од големи клубови, но се елиминирани од Светското првенство по само два натпревари.

Главна ѕвезда во тимот е Арда Ѓулер кој излезе со изјава по поразот од Парагвај во кој Турците уште еднаш многу шутираа, но не погодија.

„Сакаме да се извиниме, се чувствуваме посрамотено. Сите играме во топ клубови и требаше на подобар начин да играме на ова натпреварување“, вели Ѓулер.

„На два натпревари постигнавме нула голови, тоа е неприфатливо“.

„Немаше проблеми меѓу нас во соблекувалната. Воопшто немаше. Едноставно не можевме да постигнеме голови. Тоа е тоа“.

„Во мојата кариера со националниот ти, ќе направам се што е можно да го заборавам ова Светско првенство“.