Фудбалерите на Вардар во Норчија се подготвуваат за првиот предизвик ова лето, дуелот со Купс во рамките од квалификациите за Лигата на шампионите каде што „црвено-црните“ се враќаат по пауза од неколку години.

По двата пријателски натпревар со локални екипи во кои Вардар забележа победи, денеска фудбалерите тренираа во својата база каде и што ќе останат до 2 јули кога тимот се враќа во Скопје.

Подготовките под водство на Фабијани засега се одвиваат според планот и без некакви повреди што е најважно.

Првиот натпревар со Купс Вардар го игра дома на 7 јули, додека реваншот е седум дена подоцна во Хелсинки.