Новиот формат на СП дозволува „местенка“ – на овој меч ставете ги сите пари на реми!
Според пресметките на специјализираната платформа „Football Meets Data“, поделбата на бодовите ќе им донесе по четири бода и сигурен пласман во осминафиналето, без разлика на останатите резултати. Токму затоа, натпреварот веќе предизвикува големо внимание во фудбалската јавност, бидејќи двете репрезентации практично немаат причина да ризикуваат пораз.
До ваквиот расплет дојде по победата на Парагвај над Турција (1-0), резултат со кој Турците и официјално ги загубија сите шанси за продолжување на натпреварувањето. Иако во првите две средби упатија дури 62 удари кон противничките голови, Турција остана без постигнат гол и без освоен бод, па прерано го завршува настапот на Мундијалот. Во меѓувреме, САД веќе го обезбедија првото место во групата, па целото внимание сега е насочено кон дуелот меѓу Австралија и Парагвај.
Доколку една од двете селекции биде поразена, може да се најде во сериозна опасност да остане без место во осминафиналето, што дополнително го прави ремито најпосакуваниот исход за двата табора. Пласман во шеснаесетина финалето на СП сигурно обезбедуваат двете првопласирани репрезентации во секоја група, како и за осум од 12-те третопласирани.
ФОТО: Instagram / @oki_peter_