Анчелоти откри кога конечно ќе го има Нејмар на располагање
Нејмар ги пропушти натпреварите против Мароко и Хаити поради повреда, но според селекторот Карло Анчелоти, неговото враќање е прашање на денови.
„Нејмар во сабота ќе тренира индивидуално. Во недела ќе му се приклучи на тимот и ќе биде во конкуренција за натпреварот против Шкотска“, изјави Анчелоти.
Добрата вест доаѓа во момент кога во бразилскиот табор владее загриженост поради повредата на Рафиња, кој се здоби со повреда на дуелот со Хаити. Засега не е познато колку време ќе отсуствува од терените.
Нејмар последен пат настапи на 17 мај во дресот на Сантос, во победата над Коритиба. Тогаш заработи повреда на листот на ногата, а неговото закрепнување трае повеќе од еден месец.