Хаос во Земун: „Делии“ и „Гробари“ се бркаа и тепаа по улица (ВИДЕО)

Навивачките групи „Делии“ и „Гробари“ предизвикале сериозен инцидент во Земун, а „Хулиганс.цз“ објави снимка од тепачката.

Маскирани хулигани со дрвени палки се бркаа и тепаа по улица во Земун, а засега нема повеќе информации од српската полиција дали се приведени учесниците во хаосот.